САСА не успеа да ја запре разиграната Беласица

Македонска Каменица, 21. Октомври 2023 година – Денешниот натпревар од 9. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, помеѓу екипите на ФК Каменица Саса и струмичка Беласица, заврши со конечен резултат од 2:4
Стрелци на головите за екипата на Саса беа Васко Глигоров и Сашо Дуков.

Следниот натпревар, кој се игра на 29. Октомври, екипата на ФК Каменица Саса ќе го одигра на гостински терен, против екипата на ФК Новаци 2005.
Со комплетирањето на 9. Коло распоредот на долниот дел од табелата во Втората фудбалска лига на Македонија останува скоро непроменет. Екипата на ФК Каменица Саса се наоѓа на 15 место, со два бода повеќе од екипата на Караорман. Само бод повеќе имаат Осогово и Вардар Неготино кои ја делат 13 и 14 позиција на табелата, со по 7 бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *