Саса и Тетекс ќе одиграат пријателски натпревар во Скопје

Македонска Каменица, 28. Јули 2023 година – ФК Каменица Саса продолжува со контролни натпревари во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона 2023/24 во Втората фудбалска лига на Македонија.

 

 

Утрешниот натпревар во Скопје против ФК Тетекс од Тетово, новиот стратег на каменичкиот второлигаш Баже Јанакиевски, покрај можноста за воигрување на екипата, ќе го искористи за следење на кондиционо-тактичката подготвесност во тимот и степенот на физичката подготвеност кај играчите. Натпреварот се игра во сабота, 29. Јули 2023 година, на стадионот во Маџари, со почеток од 18:00 часот.

Во досегашниот подготвителен период, екипата на ФК Каменица Саса одигра контролни натпревари против Пелистер во Битола (2:0) и на домашен терен против Осогово (3:2). Пред почетокот на натпреварувачката сезона, ФК Каменица Саса ќе одигра уште еден пријателски натпревар. На домашен терен ќе ја пречека екипата на виничка Слога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *