САСА го победи Братство

Македонска Каменица, 12.03.2022 година – Во рамки на 19. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија – Исток, на Градскиот стадион во Македонска Каменица се сретнаа екипите на Фк Каменица Саса и ФК Братство 07 од Житоше. Ова е прв натпревар од третиот циклус на натпреварување.

Бодовите од досегашните две меѓусебни средби одеа на контото на екипата на Братство. Сепак, денеска со голот на Дарко Алексовски Пеле во 24 минута од натпреварот, екипата на ФК Каменица САСА успеа да слави против екипата на ФК Братство од Житоше, со конечни 1:0.

Контролата на теренот и иницијативата во играта беше на страната на домаќините, кои имаа уште неколку изгледни шанси за гол. Ја бележиме шансата за гол на младиот Лазар Стојановски, кој за жал, во 55 минута не успеа од само неколку метри да ја смести топката во противничкот гол.

Следното 20. коло екипата на Каменица САСА се среќава со екипата на ТИМ Локомотива. Брстство на домашен терен ја пречекува разиграната Беласица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *