САСА ГИ НАДИГРА СИТЕ! Тетекс оди во бараж, а Локомотива во Трета лига (ВИДЕО)

Екипата на Саса од Македонска Каменица си ја заврши задачата и освои потребен бод кај Пелистер во Битола, па така го сочува статусот во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

(Градскиот стадион во Македонска Каменица каде ФК Каменица Саса ќе продолжи да игра врвен фудбал)

Мечот на стадионот „Петар Милошески“ заврши без голови, со резултат 0-0. Пелистер немаше императив за победа, а Саса играше внимателно затоа што бод ѝ одговараше за опстанок, па на крај и го освои.

Поради ремито на тимот од Македонска Каменица, во баражот патува Тетекс кој победи кај Арсими (3-4), но тој триумф е пиров затоа што иако двете екипи имаат ист број на бодови, Саса има подобар меѓусебен дуел. Лорик Љика (2) и Шпенд Асани беа стрелци за Арсими, додека за тетовскиот клуб два гола даде Христијан Кировски, а по еднаш реализираа Мустафа Јусуф и Давид Спасовски.

Во Третата лига се сели Локомотива Пехчево, тим кој на теренот во Сингелиќ освои три бода против Беса (2-0), ама не го доби потребниот кикс на Тетекс за да го прескокне на табелата во единствената ВМФЛ. Стрелци за победникот беа Флорент Османи во 21. и Бујар Иљази во 30. минута.

На останатите натпревари, ГФК Охрид ја заврши сезоната со победа над Беласица (3-0), Алтин Лога погоди еднаш за „рибарите“ и Хусеин Демири стрелаше два пати. Гостивар ја комплетира сезоната без пораз со победа над Караорман (2-0) со головите на Рамадани и Каланоски, а исто така титулата ја потврди Воска Спорт со веќе испаднатиот Борец (1-7). Четири гола даде Бехар Фета, а по еднаш за лидерот стрелаа Рамадани, Адеми и Јахји.

  • Воска Спорт – Борец 1-7:

Тимот кој патува во баражот за ПМФЛ, тоа е најтрофејниот македонски клуб Вардар, доживеа пораз против Кожуф во меч во кој играше без првотимците и во комбиниран тим (1-3). Единствен стрелец за „црвено-црните“ беше Дејан Цветаноски, а за Кожуф погодија Тони Мичковски двапати и Христијан Бејков еднаш.

Три бода освои и Детонит Плачковица против Слога Виница (2-1) благодарение на Филип Димоски и Иван Настевски, почесниот гол за гостите го даде Бошко Ступиќ.

Извор на текст и видео: gol.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *