Само 43% од странските инвеститори повторно би инвестирале во Македонија, 57% би вложиле во друга земја

Речиси половина од странските компании кои работат кај нас не би ја одбрале земјава ако треба сега да инвестираат. Причини има повеќе – лошата инфарстуктура, недоволно едуцираниот кадар, владеење на правото, корупцијата, правната несигурност, бирократијата, високите трошоци за струја, како и инфраструктурните проблеми. Ова го покажува анкетата на Советот на странски инвеститори кои работат кај нас и вработуваат 38 илјади лица. Одговорни за проблемите се централната, но и локалната власт, кои не ги решаваат проблемите кои се повторуваат со години.

– Иако секоја фирма оваа година го зголемила платиле од 10 до 20%, поради инфлацијата, конкуренцијата , но и да се зголеми мотивираноста на вработените, проблемите и натаму се присутни, изјави Виктор Мизо, претседател на Совет на стански инвеститори.

 

 

Иако поголемот дел странски компании користат државна помош, на 2/3 не им е јасно кој има право на неа или не ја добиле поради бирократски административни процедури.

Како главни ризици за следната година странските компании ги наведуваат истите проблеми со кои се соочуваат и оваа – 53% сметаат деко влезот во Унијата позитивно ќе влијае, додека за 13 отсто  се изјасниле дека негативните ефекти ќе бидат поголеми, затоа што нема да може да се спречи одливот на кадар и ќе останат без работници. 32% се изјасниле дека немаат никакви очекување, затоа што според нив, нема да влеземе во ЕУ уште долго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *