Само во подрачните училишта од руралните средини во општина Македонска Каменица ќе има настава со физичко присуство

Владата на Република Северна Македонија на својата 5-та седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020 година.

Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

Извештајот констатира дека не ги исполниле условите 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.

Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).

Во oпштина Македонска Каменица ПУ с.Саса има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, а ПУ с.Моштица и ПУ с. Цера 1 за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *