Рутинирана победа на ЖФК Каменица САСА против ЖФК Деспина од Прилеп (Фото+Видео)

Македонска Каменица, 26.03.2022 година – Денеска на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра редовното 15. Коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија. ЖФК Каменица САСА го пречека тимот на ЖФК Деспина од Прилеп.

Рутинираната победа на каменичанки беше формализирана уште во првиот дел од натпреварот кога Мила Телевска со два погодоци и Ана Димитровска стрелаа за конечни 3:0. Талевска, во два наврати одлично се снајде во шеснаестерецот при  постигнувањето на двата погодока, додека Димитровска постигна гол по прекрасно изведениот слободен удар.

Второто полувреме на натпреварот, повторно помина со целосна доминација на домашната екипа, но резултатот остана непроменет. Конечните 3:0, беа и повеќе од доволни за нови три бодови на каменичанки.

Во вториот дел од натпреварот, стратегот Златковски Зоран внесе во игра повеќе играчи од резервниот состав на тимот, давајќи им шанса на помладите фудбалерки, меѓу кои се најде и резервниот голман на екипата, Марија Јаневска.

Со денешната победа ЖФК Каменица останува силен претендент за повторно освојување на Шампионатот на Македонија. Токму наредното коло, ЖФК Каменица САСА го игра против ЖФК Љуботен, кој е моментален лидер на табелата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *