Рудник “САСА” и општина Македонска Каменица со новогодишни пакетчиња за дечињата од ООУ “Кирил и Методиј” и Детската градинка “Бамби”

По повод претстојните новогодишни празници, финансискиот директор од Рудник „Саса“, г-дин Дејан Спасевски градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски беа во посета на ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот им ги честиташе претстојните празници со новогодишни пакетчиња, а дечињата со пригодна новогодишна програма се заблагодарија за подароците.
Пакетчиња исто така добија и дечињата од Детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица.


Подароците за дечињата се обезбедени благодарение на успешниот партнерски однос помеѓу општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *