Русиново во новата година ќе влезе со 200 ергени. За нив интерес нема ниту кај невестите од Албанија

Беровско Русиново во Новата година ќе влезе со најмногу ергени. Старите кои редовно го набљудуваат животот во нивното село од клупата во центарот на Русиново, избројале над 200 ергени кои имаат просечна возраст од 40 години.

  • Има, има многу неженети. Ергени има, но девојки нема, и од каде да им најдеме, изјавија анкетирани граѓани.

Според жителите во Русиново нема моми, а овде не доаѓаат ниту девојките од Албанија.

–        Имаше една жена од Албанија, но таа не можеше да издржи во Русиново и си замина за Битола, каде се премажи, изјавија анкетирани граѓани.

Проблемот со женењето, жителите го лоцираат во сиромашијата.

  • Треба да имаат работа, егзистенција, како ќе прекара со 9 илјади денари, овде е пасивен крај нема производство, изјавија анкетирани граѓани.

Како да се донесат девојки во Русиново е дилема за постарите русинци, тие на шега велат дека ќе им треба цел воз девојки за да заживее селото кое е најголемо село во Малешевијата со над 2000 жители. За нив оваа состојба е алармантна, бидејќи значи дека селото нема иднина. Затоа до сите ергени во Русиново им порачуваат во Новата 2017 да си свијат семејно гнездо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *