Рударската локомотива тргна од Македонска Каменица. ФК Саса ја направи првата прозивка на играчи пред почетокот на новата сезона (ФОТО)

Рударската локомотива тргна од Македонска Каменица!
ФК Саса ја направи првата прозивка на играчи пред почетокот на новата сезона!

 

Македонска Каменица, 05. Јули 2023 година – Екипата на ФК Каменица САСА од Македонска Каменица ги започна подготовките пред почетокот на новата натпреварувачка сезона во Втората фудбалска лига на Македонија.
ЗА ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЦЕЛОСНАТА ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРОЗИВКАТАТА НА ФК КАМЕНИЦА САСА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ
Денеска, во рамки на прозивката пред почетокот на тренажниот процес на екипата, пред присутните фудбалери во Куќата на спортот беше претставен и новиот стратег на клубот, Баже Јанакиевски. Во првичното обраќање до играчите, Јанакиевски истакна дека, сите мора да бидат вложени максимално во креирањето на новите победи на екипата. Тимскиот дух, креирањето на нов, силен и стабилен тим ќе бидаат постулат во работењето на Саса. Преку дисциплина и пожртвуваност на секој поединец, ќе создадеме стабилен и респектиран клуб во Втората фудблска лига на Македонија.
Чест ми е што сум овде, Саса е бренд во македонскиот фудбал. Се надевам дека оваа година ќе биде многу поуспешна од минатата. Заедно со сите соработници, со сите играчи ќе се обидеме да направиме Саса, во најмала рака да биде стабилен второлигашки клуб, – истакна Јанакиевски за Каменица.Мк, додавајќи дека „Сите во клубот ги очекува многу работа. Се прави нова екипа. Мора да дадеме максимум, почнувајќи од стручниот штаб, играчите, управата на клубот и градот целокупно, за да биде Саса таму каде што сметам дека и е местото“.
Со добри игри и пожртвуваност ќе успееме да донесеме што побројна публика на стадион, да имаме поддршка, што е од особена важност за секој тим. За да играчите се осеќаат како вистински домаќини на секој натпревар пред својата публика во Македонска Каменица, – изјави Јанакиевски упатувајќи апел до целата Општина, да биде со клубот и да ја даде поддршката што ќе биде потребна во наредната натпреварувачка сезона.
ЗА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕОТО СО ИЗЈАВАТА НА ТРЕНЕРОТ ЈАНАКИЕВСКИ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ
Првите контролни натпревари веќе се закажани за втората половина на јули, до кога се очекува да пристигнат уште неколку нови имиња во клубот. Се надеваме дека младоста и желбата за докажување на помладите и искуството кај повозрасните и докажаните имиња во тимот, ќе биде спојот кој ќе донесе резултатски успешна и интересна натпреварувачка сезона за љубителите на фудбалот од Македонска Каменица и регионот.
Пишува: Горан Бразда/MediaPoint

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *