РСЕ: Синот на Љубчо Ѓеоргиевски и роднина на Зоран Заев помеѓу сопствениците на фирми за брзи кредити

Блиски роднини на поранешни функционери и актуелни политичари во земјава се дел од сопствениците на фирмите кои заработуваат од брзи кредити. Од вкупно 35 финансиски друштва, 60 проценти, односно 23 компании, се основани од македонски државјани – пишува РСЕ на македонски јазик.

Во бизнисот со брзи кредити „тежок“ 150 милиони евра, меѓу 35 фирми за брзи кредити, 23 се домашни компании, а меѓу основачите се и блиски роднини на двајца поранешни премиери.

Убавка Заева, стрината на Зоран Заев е сопственик на финансиското друштво Пеон од Струмица. Управител на оваа фирма е нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева. Убавка Заева е и мајка на Трајче Заев, кој и е познат на јавноста по бизнисите со производство на медицински канабис,  пишува РСЕ.

Лав Ѓеоргиевски, син на Љубчо Ѓеоргиевски има продавница за пари во центарот на Скопје „ Премиум Фајнанс“.Неговиот татко, Љубчо Георгиевски освен со политика, се занимава и со градежен бизнис, тој е косопственик на две градежни фирми.

Александар Верушевски, син на разузнавачот и советник на премиерот Зоран Верушевски  лани ја отворил фирмата „Генерал Фајнанце“ во Струга со подружница во Скопје, која се занимава со издвање брзи кредити.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ТУКА

Извор: ММС / РСЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *