Родителите и присутните со бурни аплаузи ги поздравија дечињата на роденденот на детската градинка Бамби

Македонска Каменица, 21. Март 2024 година – Денеска, на Денот на пролетта детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица го одбележа својот 33-ти роденден.

Настанот го отвори диркеторката на детската градинка, Тодорка Велиновска која со поздравно обраќање до присутните родители и гости, ја најави пригодната музичка програма подготвена од дечињата и воспитно- негователски тим при установата.

Пред присутните родители и гости со свои музички точки се претставија групите јаболчиња, цветови, срнички, пеперутки, ѕвездички, печурки, пчелички и буба мари. Дечињата измамија бурни аплаузи полни со восхит, по некоја солза радосница како подарок за нивните преубави изведби.

 

 

Покрај родителите на дечињата, присутен на настанот беше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, како и директори на повеќето институции и установи од локалната самоуправа.

Детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, како Јавна општинска установа успешно работи во изминативе 33 години. Во моментов, установата ја посетуваат над 150 дечиња од најмала возраст во јасли, до дечиња од 6 годишна возраст во претшколските групи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *