Рибарската средба на Калиманско Езеро низ зборови на Митко Василевски

Денес бев присутен на ,, островчето” како дел од Калиманска брана, за среќа копнено достапно во зимски период, бев на покана на Претседателот на Риболовното здружение, кое организираше една платоновска гозба која на денешен ден на риболовците од Каменица им било веќе неколку години традиција.
Пре, преубава блага зимска идила покрај мирните води на вештачката акумулација, многу народ и енергија, трубачи и приказни.
Видов многу ликови од мојот живот кој во најубавиот период го живеев таму, архивирани во мојата датотека но денес обновени и присутни во мојот микросвет.
На тој островски свет денес не му требаше вештачка интелигенција па да гледа предвреме во иднината, луѓето си ја живеат сегашноста и се воочливо неоптеретени од модерната, пркосат и со пиво во раце наздравуваат.
Митко Василевски, Горан Стоименовски, Горан Ристовски
Тоа мое некогашно сограѓанство кажано со модерна лексика денес приреди хепенинг, тематски распореден и наменски насочен.
Скарата чуреше како огномет, организаторите не истурија од ражничи, вешалици, кобасици, ракии, пива, вина.
Им дојдоа и конкурентите од Делчево, Кочани, сите фанатици со кои делат акваторијални граници и ловат исти плен.
Луѓето од денешниот настан се многу посреќни од мене иако знам дека дел од нив имаат и поголеми проблеми.
Отворени се и фронтално си го организираат денот и кога мушат скара и кога дремат во некој чамец чекајќи , сомчето, кленот и крапот” да проработат.
Разврзаа оро, добар дел почнаа веќе интензивно да се подготвуваат за затворениот дел од манифестацијата у која остануваат само најповиканите, појачани со 200 лименки пиво, 15 кила ракија и сите други асесоари.
Да не заборавам имаше и демонстрација на маневарски способности на ,, Застава 750- Фиќо” на каллив и непрооден терен при полн гас и акробатски вештини на шоферот.
Огромна благодарност за поканата и укажаната чест. Тенкс Мухика!!
Враќање у живот!
(Авторот на текстот е наш поранешен сограѓани и жител на Македонска Каменица, кој по преселбата во соседно Делчево, денес работи и живее во Скопје)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *