Рибарите од Македонска Каменица и регионот ја одржаа традиционалната јануарска рибарска средба на брегот од Калиманско Езеро

Рибарите од Македонска Каменица и регионот ја одржаа традиционалната јануарска рибарска средба на брегот од Калиманско Езеро

Македонска Каменица, 20. Јануари 2024 година – Денеска, на брегот од Калиманско езеро, членови на СРК “Шаран” од Македонска Каменица и љубители на риболовот од повеќе градови во Источна Македонија, беа дел од седмата традиционална рибарска средба. Одржувањето на оваа рибарска средба започна во 2018 година, како настан со кој рибарите од Македонска Каменица и регионот го одбележуваат заштитникот на рибарите – Свети Стефан.

– Веќе седма година по ред, на иницијатива од нашите членови, ја одржуваме оваа средба, која започна како настан за одбележување на заштитникот на рибарите, христијанскиот празник Свети Стефан. Радува тоа што и годинава сме во голем број, што покажува дека, како спортско друштво сме добро организирани. Се надевам дека настанот, од година в година, ќе се развива и ќе во континуитет ќе овозможува дружење на членовите од Спортското риболовно друштво “Шаран” со љубителите на риболовот од Македонска Каменица и поширокиот регион, – истакна Горан Стоименовски од СРК “Шаран” од Македонска Каменица.

На настанот покрај љубителите на риболовот од Источна Македонија, присуствуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски како и останати поканети гости на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *