Ремито на ЖФК Каменица САСА во Струга го доближи ЖФК Љуботен на само бод разлика од лидерската позиција

Ремито на ЖФК Каменица САСА во Струга го доближи ЖФК Љуботен на само бод разлика од лидерската позиција

Во сабота, на 04. Ноември, се одигра редовното 10. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Лидерот на табелата, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица имаше исклучително тешко гостување во Струга. И покрај многуте постигнати голови, по 5 на двете страни, екипите на АСС Јунајтед и ЖФК Каменица САСА ги поделија бодовите.

Овој би рекле несреќен резултат за девојките од Македонска Каменица, го искористи ривалот и претендент за лидерската позиција, екипата на ЖФК Љуботен од Тетово. Победувајќи ја струмичка Тиверија на домашен терен со високи 4:0, тетовчанки имаат 25 бодови, еден помалку од ЖФК Каменица САСА (26). Струмичка Тиверија е третопласирана на табелата, со 19 бодови и натпревар помалку. Четвропласирана е токму екипата на АСС Јунајтед од Струга со 17 бодови и еден натпревар помалку, за разлика од двете првопласирани екипи кои го имаат комплетирано 10 коло.

ЖФК Каменица САСА е единствениот непоразен тим во есенскиот дел во прволигашкото друштво, се надеваме дека каменичките девојки, ќе успеат до крајот на сезоната да ја одржат добрата форма и со нови успеси и победи ќе го задржат лидерското место на табелата и Македонска Каменица повторно ќе биде шампионски град.

Во прилог илустрација со резултатите и моменталниот распоред на табелата од Првата женска фудбалска лига на Македонија, по оигрувањето на саботните натпревари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *