Реконструирани тоалетите во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица

Новата учебна година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица започнува со целосно завршена реконструкција на тоалетите во училиштето.
Како што истакна директорката на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Данче Гоцевска, „станува збор за проект кој опфаќа целосна реконструкција на тоалетите, спроведен со поддршка на Општина Македонска Каменица и градоначалникот Димчо Атанасовски“.
– Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, поставени се нови санитарни елементи, нови врати, како и целосна реконструкција на ѕидовите и плафонот, – додава Гоцевска. Со ваквите проекти значително ги подобруваме условите во училиштето, согласно најсовремените стандарди и потреби на учениците.
Проект е во вредност од 1 597. 259,00 денари, обезбедени од Буџетот на СОУ “Миле Јаневски Џингар” и средства од Општина Македонска Каменица.
Изведувач на градежните работи беше „ДАРМАР-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *