Револт кај возачите поради недостиг на регистарски таблици со каменички ознаки

Се поголем број на граѓани од Македонска Каменица, пријавуваат дека веќе подолг временски период чекаат да пристигнат регистарски таблици со каменички ознаки (MK 0000 AB), како би можеле да ги регистрираат своите возила.

Возачите од Македонска Каменица со овој проблем се соочуваат повеќе од еден месец, а според нивно кажување, конкретен датум или најава за скоро пристигнување на табличките со каменички ознаки од страна на одговорните не добиваат.

Граѓаните револтирани од ситуацијата бараат итно решавање на недостигот на регистрациони ознаки, со што ќе можат непречено да ги користат и управуваат своите возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *