Револт во ФК Каменица САСА за начинот на распределба на спортските ваучери

Многу клубови реагираат по објавувањето на висината на спортските ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт. Рекциите на клубовите е во однос на висината на добиените ваучери. Таква реакција со јасно искажан револт за начинот на кој се распределуваат спортските ваучери до АМС, во текот на вчерашниот ден, упати и ФК Каменица САСА од Македонска Каменица која ви ја пренесуваме во целост:
ФК КАМЕНИЦА САСА СО АПЕЛ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ
Почитувани Г-да од Агенција за Млади и Спорт,
Почитувани фудбалски љубители,
ФК Каменица Саса го осудува невидениот фудбалски преседан направен од страна на Агенцијата за Млади и Спорт при доделување на ваучерите за фудбалските клубови, конкретно во овој случај ваучерот доделен на ФК Каменица Саса кој е безмалку двапати помал од ланскиот.
Почитувани Г-да од Агенција за Млади и Спорт,
ФК Каменица Саса е еден од најдобро организираните клубови во Втора Лига, клуб кој е продолжение на брендот ФК САСА, кој во 2018 година прослави 50 години постоење. ФК Каменица Саса е стабилен второлигаш и клуб кој вложува во младинските категории. Оваа година ФК Каменица Саса доби 950 000 денари по однос на ваучер, а лани 1 500 000 денари, во ситуација во која бодувањето и исто и во ситуација кога ФК Каменица Саса на рекордно ниво го зголеми бројот на свои членови и воведе уште 2 нови младински категории.
Драги пријатели од Агенција за Млади и Спорт,
Ова ли е поддршка на фудбалот?
Ова ли е поддршка на младинскиот фудбал?
Ова ли е поддршка на спортот?
Искрено се надеваме на брзо преиспитување на одлуката за доделување на ваучер на ФК Каменица Саса од 950 000 денари и упатуваме апел за итно корегирање на истата.
Со почит,
ФК Каменица Саса

Leave a Reply

Your email address will not be published.