Реакција од граѓаните дека амрзнатите цени почнале да растат

За една недела престанува да важи одлуката за замрзнување на цените на дел од основните прехранбени производи, а засега нема најава за нејзино продолжување. Но, и покрај тоа што одлуката генерално се почитува од трговците, граѓаните се жалат на поскапување на некои од производите кои имаат замрзнати цени. Велат дека поскапени се некои видови сирења, леб, брашно млеко… Освен производите кои имаат замрзнати цени граѓаните се жалат дека во меѓувреме се качија цените на сите други производи, а позабележителен раст има на цената на кафето, производите од преработувачката индустрија и кондиторските производи, пишува Вечер.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека мал е бројот на граѓани кои пријавиле дека цените и покрај замрзнувањето се покачени од страна на трговците.

-Доколку граѓаните забележат промена на цената на некој од производите кои имаат замрзнати цени, слободно нека поднесат претставка до Државниот пазарен инспекторат. Тоа можат да го сторат електронски, директно во Инспекторатот или преку телефонскиот број 191. Досега преку бесплатната телефонска линија имавме претставка само од еден трговец кој се пожалил дека цената на некои од производите кои имаат замрзнати цени му е зголемена од страна на добавувачот, вели за Вечер Анета Симеска-Димоска, директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Целиот текст ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *