Реакција на соопштението за јавност објавено од ДПД „САСИ“ Македонска Каменица

Реакција на соопштението за јавност објавено од ДПД „САСИ“

 

Македонска Каменица, 01. Септември 2023 година – Реакција од ОО СДСМ Македонска Каменица и коалиционите партнери во Советот на Општина Македонска Каменица на текстот „ДПД „САСИ“ револтирани од начинот на распределба се откажаа од средствата доделени од Советот на Општина Македонска Каменица“, објавен на 30.08.2023 година.
Текстот од денеска пристигнатата реакција ви го пренесуваме во целост:

 

Реакција на соопштение од ДПД Саси
За вистината да излезе на виделина, да се знаат сите факти. Со оглед дека Советот на општината предводен од СДСМ деновиве е повторно мета на дезинформации, со оваа реакција СДСМ сака да ги информира граѓаните на М. Каменица за битен детал кој се занемарува во соопштението за разочараност од доделените средства на ДПД Саси. Имено, постои важечки едногласно изгласан правилник за критериуми за доделување средства каде во Член 7 (Неограниченост…) стои дека има ограничување за висината на доделените средства за здруженија кои постојат од 2022 или 2023 година. ДПД Саси е формирано во 2022 година и поради наведениот критериум не можеа да му се доделат средства поголеми од 30.000 денари, а ДПД Саси имаа побарано скоро 24.000 евра (од вкупно доделените 32.000 евра). Овој критериум постои за да се штити буџетот на општината од злоупотреби со инстант создадени  здруженија на граѓани, само заради остварување парична корист, што знаеме не е случај со ДПД Саси, но критериумот важи за сите.
Го охрабруваме здружението ДПД Саси да продолжи со своите активности, врз база на кои веруваме дека со следниот повик за доделување средства ќе остварат поголем износ за своите проекти.
Овој демант-пост не е за собирање политички поени и не е за некој да биде навреден или поразен, туку да се биде информиран.
01.09.2023 год.
СДСМ Македонска Каменица и коалиционите партнери

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *