Реакција на ЖФК Каменица САСА за начинот на делењето на фудбалската правда во Тетово

Вчера се одигра редовното 16. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во Тетово силите ги вкрстија, моменталниот лидер на табелата ЖФК Љуботен и двократниот шампион на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица.

Она, на што реагираат од гостинската екипа и добрите познавачи на фудбалската игра е начинот на кој беше делена фудбалската правда на овој меч.

Во целост ви го пренесуваме соопштението за јавност од управата на ЖФК Каменица САСА, како реакција на начинот на делењето на правдата по вчерашниот натпревар, кој требаше да биде вистинско фудбалско дерби.


Нерешен резултат и само до бод во Тетово!
Честитки за борбеноста и желбата за победа на сите наши фудбалерки!

Управата на клубот донесе решение после овој натпревар да го искористи клубското право, за што веќе беше информирана и фудбалската федерација на Македонија, главниот судија од натпреварот г-ца Ивана Пројковска во иднина да не биде делегирана на наши натпревари.
И посакуваме уште поголеми успеси.


Линк до директниот пренос од вчерашниот натпревар: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1300311377383112&id=100063559448036

Стрелци на головите за ЖФК Каменица САСА беа, капитенот Ана Димитровска и Антонина Шопска. Екипата на ЖФК Каменица САСА во два наврати беше во резултатска предност.

Во финишот од натпреварот, судиската тројка од нејасни причини, реши да го продолжи натпреварот за повеќе од 7 минути. Во последните, одлучувачки минути беше доделен црвен картон за на капитенот на гостинската екипа поради приговор кон главниот судија.

Линк до објавата со соопштение за јавност по вчерашниот натпревар: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=403926668402645&id=100063559448036

ЖФК Каменица САСА во борбата за лидерската позиција заостанува зад екипата на ЖФК Љуботен. Шанси за шампионската титула има и екипата на Тиверија од Струмица, доколку успее во наредното коло да ја совлада екипата на ЖФК Љуботен на домашен терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *