Распишан тендер за изработка на проектно техничка документација за реконструкција на кров и фасада на ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 19.08.2021 година – Во рамки на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, општина Македонска Каменица доби поддршка од УНДП за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на фасада и кров за потребите на детска градинка Бамби.
Во продолжение линк до објавениот Јавен оглас за избор на најповолен изведувач на услугата:

https://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=82121

Во изминатиот период, општина Македонска Каменица покрај ентериерното уредување на повеќе простории за потребите на вработените и дечињата кои престојуваат во ЈОУДГ „Бамби“, беа поставени фотоволтаични системи за заштеда на електрична енергија, системи за прочистување на воздух и сл.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *