Работниците во ЈП Камена Река започнаа процес за рано третирање и пикирање на 20 000 цвеќиња наменети за цветно разубавување на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 13. Март 2023 година – Работниците во ЈП Камена Река го започнаа процесот за рано третирање и пикирање на разноврсен цветен асортиман, кој годинава ќе биде наменет за хортикултурно уредување и разубавување на Македонска Каменица.

– И оваа година, расадникот за сопствени потреби на ЈП Камена Река, ќе произведе над 20 000 разновидни цвеќиња. Импозантна бројка на цвеќиња, која според утврдениот динамички годишен план за цветно декоративно уредување на градот, ќе биде засадена во парковите и останатите јавни зелени површини во урбаната средина, – истакнуваат од ЈП Камена Река

Во ЈП Камена Река, како што стои во текстот, работат на зголемување на јавните површини опфатени со хортикултурно уредување, со што ќе бидат засадени и делови од повеќе приградски населби во општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *