Пукнатина на коловозот го затвори за сообраќај патот од Македонска Каменица кон Делчево

Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се преусмерува преку Виница и Смојмирово.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ.

На возачите им се препорачува крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *