Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се преусмерува преку Виница и Смојмирово.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ.
На возачите им се препорачува крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.