Пронајден мотоциклистот кој удри 48 годишен велосипедист од Кочани и побегна од местото на настанот

На 25.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница од ЈЗУ Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(48) од Кочани со тешки телесни повреди.

Имено, околу 12.40 часот на регионалниот пат Виница-с.Лески се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Б.С. и мотоцикл управуван од возач кој го напуштил местото на настанот.

По превземени мерки бил пронајден мотоциклистот и било утврдено дека станува збор за Р.С.(29) од с.Лески-виничко.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *