Пронајдено нелегално оружје во Кочани

На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола, – стои во соопштението на МВР

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *