Пронајдено машко тело во каналот за наводнување кај село Истибања

Денеска попладне, во десниот магистрален канал за наводнување на хидросистемот Брегалница, на потегот од село Истибања кон Оризари е пронајдено тело на машко лице. По добиено известување, водата од Калиманско Езеро кон системот е запрена за олеснето извлекување на телото од каналот.

Според непотврдени информации, до кои доаѓа Канал Осум од Кочани, станува збор за 29-годишно машко лице од село Истибања. На местото на настанот веќе се присутни екипи на МВР и ОЈО од Кочани,кои по направениот увид треба да го потврдат индентитетот на настраданиот.

Извор: Канал Осум

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *