Промоција на книгата “Без крилја” и ликовна изложба на младата авторка Климентина Соколовска

Промоција на книгата “Без крилја” и ликовна изложба на младата авторка Климентина Соколовска

Во петок, на 21.10.2022 година со почеток од 12:00 часот, во Домот на култура ќе се одржи промоција на книгата “Без крилја” од Климентина Соколовска, млада авторка од Македонска Каменица.

Покрај промоцијата на книгата “Без крилја”, во исто време Климентина Соколовска ќе ја отвори и нејзината прва самостојна ликовна изложба, која опфаќа околу 20 дела.

Во рамки на промоцијата на книгата и ликовната изложба, како што објави КИЦ Романса Македонска Каменица, авторката Климентина Соколовска пред присутните ќе говори за мотивите, инспирацијата за творење, желбата и за нејзините идни проекти и планови.

“Затоа ве повикуваме заеднички да ја проследиме промоцијата и изложбата на ликовни дела на нашата сограѓанка и заеднички да ја подржиме во понатамошно творење и поголеми успеси во животот” – стои во најавата за овој настан објавена од КИЦ Романса Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *