Продолжува уредувањето на речното корито на Каменичка Река

Општина Македонска Каменица преку градежните работни активности на ЈП Камена Река продолжува со уредувањето на речното корито на Каменичка Река.

– Во завршна фаза е последната етапа од уредувањето на кејот на Каменичка Река, а веднаш потоа следува и чистење на речното корито, -истакнува Димчо Атанасовски, градоначалник на општина Македонска Каменица

Од таму додаваат дека, продолжуваат посветено да ја градат најубавата општина во Македонија. Притоа, како што велат, ставаат посебен акцент на инфраструктурата и хортикултурното уредување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *