ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Почитувани сограѓани заради неповолните временски услови предизвикани од обилните врнежи и зголеменото ниво на Каменичка река во последното деноноќие, дојде до заматување на зафатите за вода, а со тоа и до самата вода за пиење.
Се известуваат сите корисници на водоводната линија да НЕ ја користат водата за пиење. Оваа препорака важи до стабилизирање на состојбата на водата по која ќе бидете дополнително известени за користење на истата. ЈП Камена Река превзема активности и очекуваме во најскоро време целосна стабилизација на настанатата состојба.
Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!”