Природа и здравје – Вежби за мозокот и подобра меморија

Секојдневните обврски и преполната агенда која луѓето честопати ја имаат доведува до расеаност, па и до заборавеност.

За да бидете поконцентрирани и да не заборавете, експертите советуваат да правите вежби кои нема да Ви одземат време, а ќе придонесат за подобра концентрација и меморија.

Читајте гласно

Кога читате книга, пробајте тоа да го правите гласно. Зборувањето и слушањето во исто време му помага на мозокот полесно да ги прима информациите.

Разбудете се и помирисајте ванила. Иако прва асоцијација за будење ни е кафето, ванилата може да биде одлична промена. Ако секоја недела мирисате нова арома, ќе ја разбиете рутината и ќе му помогнете на мозокот полесно да прима и да се прилагодува на нови информации.

Стиснете ја тупаницата

Многу истражувања покажуваат дека ако ја стегнете тупаницата во времетраење од 90 секунди, полесно ќе ги запаметите информациите во текот на денот. Истата вежба може да ви помогне и кога сакате да се сетите на нешто што потсвесно го знаете, но сте го заборавиле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *