Прилагодете ја брзината кон условите на патот. Сообраќајна незгода во центарот на Македонска Каменица

Македонска Каменица (28.12.2016)

Возете внимателно! И покрај напорите на службите во градот за расчистување на градските улици тие сепак утрово останаа влажни, а на поедини места беа под мраз и снег. Врнежите од снег поради ниските утрински температури останаа на улиците и коловозите што беа причина и за помала сообраќајна незгода во центарот на градот помеѓу две патнички возила кои се движеле по магистралниот пат Кочани – Делчево. Причинета е помала материјална штета, полицијата изврши увид на настанот, го регулираше сообраќајот кој беше запрен во двата правци за тешки товарни возила кои транзитираат низ Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *