Приведен крадец од Виница, расчистени две тешки кражби, одземеното е вратено на сопствениците

На 12.05.2022 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница, по добиена судска наредба, извршиле претрес на дом и други простории кај О.А.(40) во Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ од две викенд куќи, едната во место викано Среден дол, атар на Виница, другата во место викано Вршник, атар на с.Блатец, виничко.

При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *