Полициски службеници од ОВР Кочани минатата ноќ го уапсиле А.И. (36) од Кочани, откако кај него бил пронајден хероин, кој потоа го одземале.
Лицето е приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.