Полицијата го приведе 22-годишнот Б.А. од Кочани. При претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од канабис и дробилка.
На 20.06.2023 во 15.45 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(22) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од растението канабис и дробилка, соопштија од МВР.
Б.А. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.