Претпладне сончево, попладне облачно со дожд и грмежи

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, во некои делови и во форма на краткотрајно невреме.

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Температурата ќе се движи од 5 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Во престолнината температурата ќе биде од 10 до 24°C.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *