Прекин во снабдувањето со вода во Суво Маало поради отстранување на постар дефект на водоводната мрежа

ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради отстранување на поранешен дефект на главната водоводна линија, во прекин е снабдувањето со вода во Суво Маало (над Цинкара).

Екипите на ЈП Камена Река работат на санирање на дефектот, со што продолжува системското решавање на проблемите кои предизвикуваат постојани загуби на вода за пиење од водоводниот систем.

Според добиените информации, станува збор за релативно краток прекин во снабдувањето со вода кој ќе трае од три до четири часа во текот на денешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *