ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЈП КАМЕНА РЕКА: Заштитете ги водомерните броила од смрзнување

Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, ЈП Камена Река ги известува граѓаните дека е потребно да пристапат кон заштита на водомерните броила од замрзнување.

Доколку настанат дефекти од тие причини, потребно е веднаш да стапите во контакт со ЈП Камена Река како би биле преземени чекори за санација на штетите и повторно ставање во функција на системот за водоснабдување, – стои во известувањето од Јавното претпријатие

Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен материјал (текстил и сл.) или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *