Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, ЈП Камена Река ги известува граѓаните дека е потребно да пристапат кон заштита на водомерните броила од замрзнување.
Доколку настанат дефекти од тие причини, потребно е веднаш да стапите во контакт со ЈП Камена Река како би биле преземени чекори за санација на штетите и повторно ставање во функција на системот за водоснабдување, – стои во известувањето од Јавното претпријатие
Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен материјал (текстил и сл.) или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).