Двете ловни друштва кои концесионираат со ловни подрачја на територијата на општина Македонска Каменица, за прв пат прават заедничка Ловечка вечер.
Иницијативата доаѓа од двете ловечки друштва ЛД “Хантер Бизиково” и ЛД “Каменица САСА” Македонска Каменица. Настанот кој вечерва ќе се одржи во Мотел “Мерак” – Луковица, ќе биде организиран после двегодишниот прекин поради пандемијата на Корона вирусот.
Од Ловечките друштва покануваат на заедничко дружење и добра забава со Модерато Бенд и Кристина. Забавниот дел ќе биде надополнет со багато мени и традиционалната ловечка лотарија со вредни награди.
“Обезбедени се 6 пушки, живи и отстрелани диви прасиња, мали ловџиски кутриња од специјализирани одгледуваќници, бела техника и многу други вредни награди” – стои во соопштението од ловечките друштва од Македонска Каменица, од каде надополнуваат дека “Остануваат мал број на слободни карти за Ловечката вечер, бидејќи истите се во ограничен број.