Православните христијани го слават Божиќ – празникот на Христовото раѓање

Православните христијани го слават Божиќ – празникот на Христовото раѓање

Одбележување на Божиќ во Соборниот храм во Скопје (Илустративна фотографија)

Православните верници кои го почитуваат јулијанскиот календар денеска го слават Божиќ, Христовото раѓање, како празник чие основно значење е семејното собирање, дружењето и потсетувањето на основните човечки вредности.

Првиот ден од Божиќ е ден на радост на раѓање, обновување на животот, додека вториот ден се поминува во свечено, тивко домашно расположение, а во црквите се служи благодарствена литургија на Богородица.

Вообичаено е луѓето да се поздравуваат со „Христос се роди“ и „Навистина се роди“, а празникот Христовото раѓање изобилува со многу други обичаи од кои најпознат е полагањето на бадниковото гранче, покривањето на домовите со слама и други обичаи.

Божиќното празнување започнува ден пред празникот, 6 јануари и се нарекува Бадник На тој се сече бадниковото гранче и се внесува во домот. Жените во куќата прават божиќни колачиња, и пригодна празнична трпеза.

По Бадник, осамнува првиот ден на Божиќ, кога пред зори бијат камбаните на православните храмови, а домаќинот и сите членови на семејството ја облекуваат најпразничната облека и одат во црквата на утринската и божиќна литургија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *