Православните верници ја одбележуваат Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велика сабота, ден на кој според Христијанското учење се спојува тагата за Исусовото распнување и радоста која ќе следи за Неговото воскресение. Денеска православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Тие уште наутро ги посетуваат храмовите каде со желби за здравје, среќа и мир ја слушаат литургијата и се причестуваат.

Здравје прво за сите па за другото не сме многу за жалење.

Најубав ден што може да постои, среќа и само убави работи да се случуваат, мир.

Радост среќа, здравје се за мене значи. Секоја година откако знам за себе јајца фарбам, во црква одам

Тие се за мене сите најубави празници, 00:57 Се нека даде Господ убаво, здравје Велигден да биде за секого.

Велика сабота е втор ден на тага, жалост и молк за Христијаните. Отец Антонио Апостолски објаснува дека Велика сабота е ден на покојот и на исчекувањето, време кога верниците се одаваат на пост и молитва, чекајќи го Христовото воскресение- Велигден, кој според Христијанските преданија е триумф на животот над смртта и доброто над злото.

„Целиот ден се одаваме на некој начин на молитви, на пост, доаѓаме во црквата, одаваме чест на настаните кои што се случиле и всушност се трудиме да бидеме во една духовна молитвена атмосфера која што после тоа ќе се претвори во радост затоа што ќе го дочекаме за неколку часа Христовото воскресение.“

Христовото воскресение – Велигден верниците вечерва го дочекуваат во црквите. Секој од нив со себе носи црвено велигденско јајце. Пред полноќ сите присутни три пати ја обиколуваат црквата, а точно на полноќ си подаваат рака со поздравот „Христос воскресе“, „Навистина воскресе“. Потоа верниците традиционално се кршат со вапсаните велигденски јајца со што завршува 7 неделниот пост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *