Православниот свет го доби првиот светител од Штип – Св. Гаврил Велички Светогорец

Православниот свет го доби првиот светител од Штип, Свети Гаврил Велички Светогорец.

Неколку илјади православни верници од Македонија и странство денеска дојдоа во соборниот храм Свети Никола во Штип на првата канонизација на светител во историјата на градот.

За светител го прогласи архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, преку осветувањето на иконата на Свети Гаврил Велички.

Овој светол чин и радосен ден на христијанската црква, претставува вистински духовен поттик за православните верници.

  • Многу сме среќни, ова е прекрасен ден за православната вера, да имаме благосостојба, мир и порсперитет и како црква и како народ, изјавија дел од анкетираните верници.

За големината на денешниот ден говори и вниманието на другите православни цркви и народи, меѓу кои и најбројниот – рускиот.

  • Тој бил многу добар човек, кој служи како пример за православни вредности. Македонија и Русија се два православни народи кои се многу блиски духовно и овој настан уште еднаш ги потврдува цврстите врски меѓу нашите два народи, изјави Олег Шчербак, амабасадор на Руската Федерација во РМ.

Свети Гаврил Левички долго време пред денешната канонизација од православните верници беше сметан за духовен отец, чии зборови преку неговите книги и писанија повеќе од 40 години нудат душевен мир за верниците.

Оваа прилика ја искористија и политичарите да упатат свои пораки.

  • Голем ден за целиот православен свет, православната црква добива денес уште еден православен светец. Нека е честито и благословено на сите граѓани на Република Македонија, на сите верници од православната вероисповед, изјави Емил Димитриев, претседател на Владата на РМ.
  • После 2017 години, после 20 века, канонизираме светец од нашиот град. Ова е голем ден за Штип, за Брегалничката епархија, за Македонската православна црква, за Република Македонија и за целиот христијански свет, изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип со истечен мандат.

И како што во својот живот велеше Свети Гаврил Велички, на крајот од денот најважно е она што го носиме во себе.

Додека илјадници верници се слеваа како река во храмот, на овој историски ден, освен камбанаријата на Свети Никола, во мислите на секој верник ѕвонеа и зборовите на првиот штипски светител, дека рајот се крие длабоко во срцето на секој човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *