ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР И КРАЛ НА ФУДБАЛОТ ПЕЛЕ

Сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација.

Пеле, бразилскиот крал на фудбалот кој освои рекордни три титули на светските првенства и стана еден од најпопуларните спортисти на 20. век, почина денеска на 82 години. Легендарниот фудбалер се лекуваше од рак на дебелото црево од 2021 година, а изминатиот месец го помина во болница поради компликации. Смртта ја потврди неговиот агент Џои Фрага.

Сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација.

Во дебатите за најдобар фудбалер на сите времиња, неговото име се споменува во конкуренција на Диего Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Вкупната бројка на голови во кариерата на Пеле се движи од 650 до 1.281, во зависност од изворите.

Izvor: sdk.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *