Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДПД САСИ и ЈП Камена Река

Денеска, во  просториите на ЈП Камена Река, ДПД САСИ Македонска Каменица и Јавното претпријатие потпишаа меморандум за соработка.

Потпис на Меморандумот за соработка ставија, директорот на ЈП Камена Река Влатко Димитровски и претставници на ДПД САСИ Македонска Каменица.

Со овој меморандум за соработка е официјализирана соработката помеѓу ЈП Камена Река и ДПД САСИ Македонска Каменица, со која и двете страни очекуваат плодна и успешна соработка.

Во рамки на настанот, од страна на ЈП Камена Река беше доделена донација од помошна опрема, за која од ДПД упатија огромна благодарност. Нагласија дека “ова е добредојдена помош на почетокот од функционирањето на друштвото и уште еден чекор во зацврстувањето на меѓусебната соработка помеѓу ДПД САСИ и ЈП Камена Река”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *