Организаторите на Д Фестивал го потврдија учеството на Kalata чиј фронтмен е Симеон Ангеловски.
Релативно ново музичко име на домашната сцена кое веќе сериозно го привлекува вниманието како на публиката, така и на музичката критика особено надвор од Македонија, – велат организаторите на фестивалот
Црпејќи ја инспирацијата од изворната македонска музика, Калата ни доаѓаат со 9 музичари. Москито Стејџот е резервиран за претставање на впечатлив музички израз со игрива паралела помеѓу традиционалниот и современиот звук.
Д Фестивал ќе се случи од 1 до 3 јули во Дојран: https://dfestival.mk/vleznici/