Посетете ја втората изложба на најмладите уметници од ликовната секција при Домот на култура во Македонска Каменица

Пролетно шаренило – Втора изложба на најмладите уметници од ликовната секција при Домот на култура во Македонска Каменица
Младиот ликовен уметник и ментор на најмладите уметници од нашиот град, со огромно задоволство ги поканува љубителите на оваа уметност и граѓаните на Македонска Каменица на нивната втора изложба наречена „Пролетно шаренило“.
– Дојдете и заедно да бидеме дел од пролетното шаренило и да дадеме поддршка на најмладите, – се вели во продолжението од поканата објавена на официјалниот налог на социјалните мрежи на КИЦ „Романса“ Македонска Каменица како установа преку која се реализира овој проект.
Отварањето на изложбата е на 25. Април, со почеток од 13:00 часот, во фоајето од Домот на Култура во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *