Полициски службеници трагаат по исчезнатите две девојчиња на возраст од 12 и 14 години на кои според првичните информации им се губи секаква трага нешто пред 16 часот попладнево.

Според познатите информации исчезнувањето во полиција го пријавила нивната наставничка која последен пат ги видела девојчињата пред Трговскиот центар „Веро Џамбо“, од каде што најверојатно се упатиле кон централното подрачје на Скопје.
Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките.