Покана до граѓаните за учество на јавна работилница во склоп на програмата „Одржлив развој на Македонска Каменица”

Општина Македонска Каменица упати покана до граѓаните за учество на јавна работилница во склоп на програмата „Одржлив развој на Македонска Каменица”

Проектот „Одржлив развој на Македонска Каменица“ се реализира во партнерство на Општина Македонска Каменица и Фондација САСА. Имплементатор на проектот е PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro.
Јавната расправа е закажана за 29. Март 2023 година, со почеток од 10:30 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица.
На 14ти Март во Домот на Културата во Македонска Каменица пред претставници од Советот на општината беше презентирана програмата „Одржлив развој на Македонска Каменица”.
Програмата, како што известуваат од Општина Македонска Каменица, содржи низа активности за поддршка на локалните бизниси, невладните организации и младите преку можности за едукација и градење на претприемничките капацитети, бизнис поддршка и советување, пристап до финансии и пристап до пазари, итн.
– Во склоп на програмата ќе бидат развиени механизми за поддршка на постоечките и креирање на нови компании, со посебен фокус на секторите оддржлив туризам и одржливо земјоделие како стратешки определби на Општина Македонска Каменица. Проектот подразбира активна соработка со локалното население и нивна вклученост во активностите кои ќе бидат спроведени во насока на развој на локалната економија и градење на препознатливоста за Македонска Каменица како туристичка дестинација, – стои во продолжението од текстот на објавеното соопштение
По тој повод ги покануваме претставниците на приватниот, јавниот и невладиниот сектор, претставници на образовните и научните институции, младите како и сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дадат свој придонес со идеи и проекти за развој на општината, да ни се приклучат на 29. Март во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица. За време на овој отворен настан, сите присутни ќе можат да ги споделат своите идеи за долгорочен развој на општината како и да добијат повеќе информации како би можеле да бидат вклучени во работните групи кои се однесуваат на: инфраструктурни проекти, развој на туристичката понуда и развој на агри-бизнис, – стои во поканата упатена од Општина Македонска Каменица
Сите заинтересирани граѓани треба да се пријават за учество на јавната расправа на: renata@theprimepoint.com, или за повеќе информации да го искористат следниов телефонски број: 072 261 663.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *